Мажите не слушаат што им зборуваат жените дури 388 пати годишно, а повеќе причини има за тоа!

Profimedia

Истражувањето покажало дека мажите не ја слушаат својата сопруга или партнерка во просек 388 пати годишно, односно дека 75 отсто од нив имаат селективен слух. 

Новото истражување спроведено од Scrivens Hearing Care покажало дека мажите не ги слушаат своите партнерки во порсек 388 пати годишно. Тоа всушност значи дека мажите не ги слушаат жените секој ден во годината и повеќе. За споредба, жените одлучиле да ги игнорираат своите партнери 339 пати годишно.

Во истражувањето учествувале 2.000 возрасни лица од Велика Британија, а дури 75 отсто од испитаниците изјавиле дека нивниот партнер има селективно слушање, односно дека го слушаат само тоа што ги интересира.

Третина од испитаниците изјавиле дека во неколку наврати забележале дека нивниот партнер се обидува да чита од усни зашто не може да разбере што се зборува, а 47 отсто признале дека нивната втора половина има тенденција на мрморење. Сите три наведени симптоми се показател дека личноста има одредени „проблеми со слухот“.

Сепак, повеќе од половина испитаници рекле дека не мислат дека станува збор за губење на слухот, туку едноставно дека партнерот не ги слуша. 40 отсто пак, рекле дека се сигурни дека нивната втора половина има проблем со слухот.

-Иако мислиме дека нашите партнери имаат тенденција да не не слушаат и не го земаме тоа премногу сериозно, ова може да биде и знак на сериозен проблем, односно дека личноста има проблеми со слухот, – вели експертката за аудиологија Киран Саимби. Додава дека промените во нашиот слух се суптилни и дека се случуваат со времето, па и тешко може да се забалежат колку влијаат на нашиот живот, и на оние околу нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот