„Мажи со црвени чевли” против насилството врз жените

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Во италијанскиот град Бјела вчера се одржа протест под мотото „Мажи во црвени чевли” против насилството врз жените. Како што денеска објавија италијанските медиуми, специфичност на протестот е тоа што мажите во Италија првпат застанаа на страната на жените, кои се жртви пред се на насилство во семејството.

Мажите во црвени чевли и со црвени маски на лицето парадираа низ улиците на Бјела со цел да го осудат насилството и да покажат солидарност со жените жртви на насилство.

Иницијатор на протестот е бизнисменот Паоло Заноне, кој го организирал протестот откако италијанската новинарка Милена Габанели на Твитер напиша: „Убиваат по една жена дневно, а јас гледам дека протестираат само жени. Зарем мажите не треба да ги заштитат послабите”.

Црвената боја е избрана бидејќи таа е симбол на сите протести поради насилството врз жените.

Според статистичките податоци во Италија минатата година убиени се 91 жена, а најќесто тие биле жртви на своите партнери, сопрузи или други членови на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот