Маж во Тајланд осуден на смртна казна: Силувал и убил туристка, па дошол дома и гледал телевизија

Тајландскиот суд го осудил на смрт Ронакорн Ромруен (24) поради силување и убиство на млада германска туристка на популарно одмаралиште, пренесува Вашингтон Тајмс.

Полицијата го уапсила во април годинава, откако на остров било пронајдено телото на жртвата, скриено под камења и лисја.

Ромруен признал дека ја силувал 26-годишната Германка Миријам Белте и потоа ја убил, така што ја удрил со камен во глава.

Оваа среда, тој е осуден на смртна казна поради силување, убиство, прикритие на убиство и возење под дејство на метамфетамин.

Фото: Фејсбук

Турист во Тајланд пријавил во локалната полиција дека го видел Рормуен со облека полна со крв. По дојавата, полицијата го пребарала локалното подрчје на островот Кох Си Чанг и го нашле телото на мртвата туристка.

Потоа тие го уапсиле Ронакорн, кој по четири часа испитување го признал убиството. Тој и раскажал на полицијата дека по силувањето и убиството, се вратил дома, гледал телевизија, односно дека ладнокрвно пушел цигари и си пиел пиво, пренесува Мирор.

Кох Си Чанг е популарно туристичко одмаралиште, во кое живеат околу 5.000 жители. Островот се наоѓа на околу 65 километри јужно од Бангкок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот