Маж со автомобил влетал во пешаци на германски аеродром

БЕР Аеродром, Берлин, Германија / 31 октомври 2020 / EPA-EFE/HAYOUNG JEON

На аеродромот „Келн-Бон“ се случил немил настан откако непознат маж со својот автомобил влетал во пешаци во паркинг-гаражата на аеродромот кој се наоѓна во западниот дел на земјата. Во несреќата се повредени неколку лица, јавуваат германските медиуми.

Според локалната полиција, мажот удрил и во неколку автомобили. Како што велат тие, постојат индиции дека мажот имал проблеми со менталното здравје.

Мажот давал отпор при апсењето пред полицијата да го совлада. Повредени се и двајца полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот