Маж сексуално злоставувал деца, неговата сопруга измешала шеќер со топла вода и го убила

Фото: EPA-EFE/BRENDAN DAVIS

Корина Смит (59) од Велика Британија истурила врела вода со шеќер врз нејзиниот сопруг Мајк Беинс (80), како резултат на што тој починал. Поради овој чин, таа беше осудена на доживотен затвор.

Таа го сторила злосторството откако дознала за обвинувањата дека нејзиниот сопруг сексуално злоставувал деца, меѓу кои и нивниот син и ќерка. Осудената Корина мора да помине најмалку 12 години зад решетки, пишува „Ѕun“.

Нивниот син Крег извршил самоубиство во 2007 година.

Имено, Корина измешала три кеси шеќер со топла вода и смесата ја истурила врз сопругот кој спиел во тој момент. Потоа отишла кај соседот и му рекла – „мислам дека го убив“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот