Маж се заканувал со подметнување бомби

Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле пронајдени експлозивни направи.

Во СВР Битола вчера околу 16.20 часот В.Т. управител на фирма за превоз на работници, пријавил дека преку социјалната мрежа Фејсбук добил заканувачки пораки од профил на Фејсбук на М.Ч. дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека ќе бидат активирани.

Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле пронајдени експлозивни направи. Во СВР Битола бил приведен З.Ѓ. (43) од ресенското село Болно, поради постоење основано сомнение дека е лицето кое ги упатувало заканите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот