Маж пријавен за исчезнат во Дебар

Полиција / Фото: МВР

Во Дебар пријавен за исчезнат е маж на триесет и тригодишна возраст.

– Вчера во Секторот за внатрешни работи – Охрид, Ј.Т. (35) од Дебар, пријави дека од семејниот дом се одалечил нејзиниот сопруг Н.Т. (33). Одделението за внатрешни работи во Дебар презема мерки за негово пронаоѓање, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.

Од СВР-Охрид информираат дека Н.Т. од домот се оддалечил пред неколку дена и не одговарал на телефонските повици.

Димоски, исто така инфирмираше дека во рамки на редовните контроли во сообрајќајот синоќа од 22 до 6 часот полициските службеници регистрирале и санкционирале 4 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот