Маж преживеал 36 часа агонија поради ерекција: „Мислев дека ќе ми отпадне пенисот“

Романтично патување во Париз со саканата се претворило во пеколен викенд за 41 годишен Британец.

По само неколку часа откако се сместил со партнерката во хотелот, Елиот Роситер се нашол во несекојдневна ситуација. Без никаква причина и претходна сексуална увертира, му се појавила ерекција.

На почетокот не му придавал многу значење, нога наредното утро се разбудил со болки и ерекција која не попуштала, започнал да се грижи.

Како поминувале часовите, болката се зголемувала. Било тоа мерка за издржливост, а Елиот мислел дека ќе му падне пенисот.

По 36 чса конечно се обратил на доктор кој веднаш дијагностицирал – Пријапизам, опасна состојба која се манифестира со долготрајна паталошка ерекција.

Докторот бил приморан да му направи дупка на половиот орган за да ја исфрли насобраната крв и да го намали притисокот на пенисот.

  • Никогаш во животот не сум почуствувал толкава болка. Бев во агонија и преплашен. Ерекцијата беше поголема и посилна и мислев дека никогаш нема да помине – раскажал Елиот и додал:

 

  • Пенисот ми беше толку чуствителен што не можев да поднесам ни долна облека на себе. Бев убеден дека ќе ми отпадне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот