Маж повреден од струен удар

Вчера од болницата во Штип во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ бил донесен 27-годишниот М.Ј. заради повреди од струен удар.

Според пријавата поднесена во полициска станица во Штип, М.Д. се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи на улицата „Брегалничка“ во Штип.

– Тој се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од СВР Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот