Маж загина во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Фото: МИА

На експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај Крупиште, денеска околу 13 часот се случила тешка сообраќајка меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистарски таблички. На само место загинал 62-годишен возач од Велес, кој управувал со пикап-возило со скопски таблички.

Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, ја потврди информацијата, а Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека пожарникарите биле повикани во 13.30 часот и учествувале во извлекување на повредени во камионот со беровски регистерски таблички, а во него имало возач и сопатник. Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница. Шестмина пожарникари учествувале во акцијата за извлекување на повредените од камионот, кој превезувал жито.

Панајотова информира дека е извршен увид од полицијата и обвинител, а сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани бил во прекин и тој се пренасочувал на стариот пат.

Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот