Маж од велешкиот затвор со трактор прегазил друг осуденик

Вчера напладне од Казнено-поправната установа Идризово – отворено одделение Велес, било пријавено дека осуденикот Д.М.(38) од селото Бузалково, управувајќи трактор во Превалец, изгубил контрола и тракторот се излизгал наназад при што му нанел тешки телесни повреди на осуденикот К.Г.(52) од Гевгелија.

Како што јави МВР, несреќата се случила додека затворениците вршеле работни задачи.

К.Г. бил пренесен во болницата во Велес, а увид на местото извршила полициска екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот