Маж од Риека е шестиот заразен со коронавирус во Хрватска

Фото: Профимедиа

Во Хрватска е потврден шестиот случај на заразен од коронавирусот. Станува збор за маж од Риека кој бил во близок контакт со веќе заболени од истиот хрватски град.

Според неофицијални информации, станува збор за брат на жена која заболела од својот сопруг. Сите се во добра состојба и имаат благи симптоми на болеста.

– Досега имаме 176 тестирани, две уште се чекаат. Имаме уште еден позитивен резултат. Станува збор за близок контакт на болен од Риека. Па така, се е под контрола, не се прошири како што се шири во Европа. Имаме зголемување од 200 заболени во Италија, 20 заболени во Франција, 19 во Германија…- рече министерот за здравство на Хрватска Вили Берош, а пренесе „Индекс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот