Маж од Кумановско ќе лежи шест години затвор поради кражба на струја

струја фото миа

Полицијата утринава привела 46-годишен маж од кумановското село Черкези.

Како што информираат од МВР, И.Љ бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од 6 години за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

И.Љ. бил спроведен во Казнено – поправната установа затвор Куманово за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот