Маж од Камбоџа извлечен од пештера во која бил заробен ЧЕТИРИ дена (ВИДЕО)

Маж од Камбоџа останал цели четири дена заробен во пештера, откако доживеал несреќа собирајќи измет од лилјаци, пренесуваат британските медиум.

Како што пренесува Би-Би-Си, 28-годишниот Сум Бора кој пропаднал меѓу две карпи во пештерата во неделата, откако се вратил по неговиот факел, сега е спасен и е пренесен во болница.

Семејството набргу откако исчезнал почнало да го бара и го пронашле дури во вторникот, кога веќе неколку дена бил без храна и вода.

По десетчасовната операција за спасување во која учествувале околу 200 спасувачи, тој бил успешно ослободен во средата и сега се лекува во локална болница.

Којун Сотеја, сопруга на Бора, изјави дека се лекува во болницата поради повреди на главата, коленото и градите. Таа му се заблагодари на премиерот на Камбоџа, Хун Сен, кој испрати тим за спасување и донираше 2.500 американски долари на нивното семејство.

Изметот на лилјаците, познат како гуано, често се користи како ѓубриво и постигнува добра цена во Камбоџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот