Маж од Гевгелија е жртва во сообраќајката на клучката кај Три Чешми

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Возачот на автомобилот „Голф“ со гевгелиски регистерски таблички загинал на местото при судир со тешко товарно возило на клучката кај Три Чешми, каде се спојуваат експресниот пат кон Штип и автопатот Штип-Миладиновци.

Станува збор за маж роден 1986 година во Гевгелија.

Автопатот Штип – Миладиновци е затворен и во двете насоки, додека трае увидот од страна на истражните органи. Сообраќајот од Штип кон Велес, Свети Николе и Скопје и во обратна насока се одвива по регионалниот пат.

Од почетокот на годината до сега на патиштата околу Штип загинаа три лица во тешки сообраќајни несреќи.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова најави дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали за сообраќајната несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот