МАЖ МИ МЕ ПЛАЌА ЗА ДА БИДАМ ДОМАЌИНКА: Еве зошто после една година му побарав покачување

домаќинка
Фото Профимедиа

Мелиса Перто и нејзиниот маж биле рамноправни во домашните обврски. И двајцата придонесувале еднакво за буџетот, тој работејќи како консултант, а таа како фриленсер.

Но, потоа се родил нивниот син и нештата се смениле.

„Бев психички и физички исцрпена од доењето и куќните обврски. Немав енергија. Иако бев успешна, парите веќе не ми стигнуваа“, рекла Мелиса.

Затоа му предложила на сопругот наместо да вработат дадилка, таа да остане дома, а тој да и плаќа 15 долари на час. Мелиса ја презела целата домаќинска грижа на себе.

Заедно пресметале дека за една домаќинка само за да ги покрие трошоците за градинка, треба да заработува околу 162.000 долари годишно.

Во слободното време пишувала хонорарно, а во остатокот се грижела за домаќинството. Кога синот почнал да оди, таа морала целосно да се откаже од пишувањето, бидејќи домашните обврски веќе ѝ го одземале целото време.

Била исцрпена и огорчена. По година-дена домаќинство, таа решила да вработи помошничка која ѝ помага три часа дневно, а сопругот го покривал и тој трошок.

„На некој начин, му побарав покачување и го добив“, заклучува Мелиса на крајот на својата приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот