Маурицио Сари, банкарот кој стана фудбалски тренер

Во мај 2003 година, во една од познатите банки во Неапол, 43-годишен работник си даде отказ, сакајќи да го оствари сонот, да биде фудбалски тренер. Човекот кој се одлучи на овој потег е Маурицио Сари.

Претпладне на работа во банка, а попладне на тренинг, така изгледаше животот на Маурицио Сари повеќе од една деценија (1990-2003). Тој за тоа време беше тренер на седум екипи, а најдобрата екипа се натпреваруваше во шестата италијанска лига. Но, тој се одлучи на радикален чекор, да се посвети на работата која ја сакаше, на фудбалот.

„Шарлатан, каде го најдовте овој“, беше еден од коментарите на сметка на Сари.
“Незнајко, дудук“, беше редовниот репертоар на навивачите во наредните девет години за кои смени девет екипи. Во Авелино беше отпуштен по само 35 дена, во Веронаљ по само 58 дена, додека во Гросето го истрпеа 95 дена. Најмногу се задржи во Александрија и во Перуџа, шест месеци беше главен тренер.

Но остана доследен да го оствари сонот и да стане тренер, а среќата конечно му се насмевна во 2012 година кога на 53-годишна возраст доби понуда од Емполи.
„Зашто да ми биде незгодно што сум најслабо платен тренер во Серија А. Јас оваа работа би ја работел бесплатно“, рече Сари по прифаќањето на работата од сништата.
Во трите години како тренер на Емполи, ги натера сите кои се сомневаа во него и го навредуваа, да ги „голтнат“ навредите и да му аплаудираат, бидејќи Маурицио Сари повеќе не беше незнајко, дудук….

Во 2015 година го доби повикот кој не се одбива, да се врати дома на само неколку стотини метри од банката во која работеше. Но, повикот не беше од банката, туку од Аурелио Де Лаурентис да биде тренер на неговиот омилен тим, Наполи.

Најголемата ѕвезда на Наполи, Диего Марадона остана скептичен по назначувањето на Сари за тренер.
– Маурицио Сари е добар човек, но тој навистина не може да биде тренер на Наполи, едноставно нема квалитет на тоа. Нема победнички менталитет – сомнителен беше Марадона.
Како и сите останати, Сари го натера и Марадона да ги „проголта“ зборовите.
„Погрешив. Сари е фантастичен тренер“, изјави Марадона една година подоцна.

По 16 години Маурицио Сари конечно може да се насмее, го освои првиот голем трофеј, со Челси триумфира во Лигата на Европа, а следната сезона го чека клупата на најголемиот италијански клуб, Јувентус.
Доволно беше трпење навреди дека е незнајко, дудук…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот