МАТТО – десет години унапредување на македонската економија

фото: МИА

Две милијарди долари директни инвестиции и преку 15.000 вработувања, е актуелниот биланс од присуството на турските компании во земјава. Трговската размена меѓу Северна Македонија и Турција изнесува 500 милиони долари, што не е доволно и нема да застанеме тука. Нашата цел е да достигнеме најмалку една милијарда долари, рече престедателот на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО), Ајдован Адемоски, по повод јубилејот – 10 години постоење.

На синоќешниот прием во хотелот „Хилтон дабл три”, Адемоски истакна дека со својата работа, искуство, залагање, применети стандарди и капитал, турските компании директно придонесуваат и ќе придонесуваат за унапредување на македонската економија.

– МАТТО им овозможува на турските и македонските компании да се отворат кон пошироките пазари. Ние сме активен партнер во приватниот јавен дијалог, имаме активна улога во трансформацијата на локалната економија и придонесуваме за полнење на државниот буџет, како и во регионот и пошироко. Придонесуваме многу и во хумани цели, даваме стипендии на средношколци и студенти кои студираат на нашите факултети. Со гордост можеме да се пофалиме дека до денес МАТТО има стипендирано околу 208 студенти и средношколци, нагласи Адемоски.

Пред приемот на кој меѓу бројните гости беа и претседателот на Уставниот суд, Салих Мурат, министерот за земјоделство, Трајан Димковски, заменик-амбасадорот на Турција, Умут Лутфи Озтурк, заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, политичари, претставници од бизнис заедницата, претставници на турските и локалните организации и институции во земјата, беше прикажан видео-материјалот подготвен по повод десетгодишнината на МАТТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот