Матилда де Анџелис: Голотијата може да биде моќен начин на изразување
Младата италијанска актерка Матилда де Анџелис го привлече вниманието на публиката со својата улога во серијата „The Undoing“ во која снимаше страсни сцени со Никол Кидман, а во некои сцени актерката беше целосно гола.
Серијата „The Undoing“ деновиве е една од најозборуваните серии во која главните улоги ги толкуваат Никол Кидман и Хју Грант.
Во серијата дебатира и 25-годишната италијанска ѕвезда во подем Матилда де Анџелис, за чија сцена на страствен бакнеж и готолотија со Никол Кидман не престана да се зборува. Младата актерка тврди дека не ѝ претставувало проблем и дека воопшто не се исплашила кога го прочитала описот на таа конкретна сцена во сценариото.
„Бакнувањето со Никол беше нешто што воопшто не ме исплаши. Знам дека добро се бакнувам, па не се замарав со тоа“, изјави Анџелис во интервју за списанието „W“.
Ова чувство на самодоверба несомнено ѝ помогнало на младата актерка да добие улога во оваа серија, иако е реалтивно непознато лице во актерскиот свет.
Првата професионална улога ја добила пред само пет години, појавувајќи се во италијански проекти како „ Tutto può succedere“, „The Prize“, „The Big Other“ и „Youtopia“.
Оваа серија е нејзиниот прв проект во американска продукција и прва улога на англиски јазик. Актерката, која инаку живее во Рим, со месеци учела англиски јазик пред да пристигне во Њујорк, каде минатата година се снимаше серијата.
„Тоа беше мојата прва посета на Њујорк. Бев многу возбудена, Њујорк е можеби најпознатиот град во светот. За мене беше многу возбудливо да шетам и да се губам низ градот. Постојано забележував места што ми беа познати од филмовите“, изјави Матилда.
Матилда, по инсистирање на нејзин пријател, се пријавила на аудуција во Рим, каде режисерот барал актерка со специфичен акцент од одреден регион во Италија. Матилда, која е родена во близина на градот Болоња, совршено се вклопила во неговата визија и веднаш ја добила улогата.
Во нејзиниот роден град, таа го снимила и видеото потребно за аудицијата за серијата „The Undoing“, откако некој агент ѝ испратил информации за овој проект.
„Откако го прочитав сценариото, бев прилично сигурна дека нема да ја добијам улогата, бидејќи тоа е важна и голема улога, а јас ја работев сама. Но, решив да дадам сѐ од себе. Кога ми рекоа дека ја добив улогата, навистина не можев да поверувам“, призна Матилда.
Матилда признава дека голите сцени не ѝ биле воопшто тешки и дека на нив гледа како на уметнички израз.
„Без разлика дали станува збор за моите очи, гради или вагина, моето тело е само уште една алатка за изразување. Тоа сум јас. Сè додека мојата цел е да комуницирам со нешто сложено, голотијата може да биде моќен начин на изразување“, објасни Матилда.
А, дека успеала во својот план, зборува и фактот дека неодамна се појави на насловната страница на списанието „Grazia“ и го заврши снимањето на проектот за Леонардо да Винчи во кој глумеше со Фреди Хајмон и Ајдан Тарнер.