Матиќ: Не станува збор за среќа, ние сме на врвот, покажавме квалитет!

фото: твитер

Манчестер Јунајтед е лидер во Премиер лигата. Оваа реченица ќе беше сосема нормална пред неколку години, а сега веста е во вистинска смисла на зборот.

– Оваа победа (против Барнли) покажа дека сме подготвени да се бориме за титулата – рече српскиот фудбалер од редовите на Јунајтед, Немања Матиќ.

Фдбалерот на Манчестер е презадоволен како се одвива ситуацијата во првенството..

– Задоволен сум од играта и од односот. Сега имаме дуел со Ливерпул. Тоа е најголемото дерби во Англија. Ќе се надигруваме и ќе видиме каде сме во однос на еден од најдобрите тимови во лигата. Ние сме подготвени. По 17 натпревари, ние сме на врвот на табелата, тоа покажува нешто. Не станува збор за среќа, покажавме квалитет. Но, не смееме да се опуштиме, мора да бидеме сконцентрирани до крај – додаде искусниот играч за врска.

Јунајтед во последните три натпревари оствари три победи, додека Ливерпул забележа две нерешени и еден пораз.

Проектилот на Погба го однесе Јунајтед на чело на табелата во Премиер лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот