Матијашевиќ: Оваа репрезентација заслужува подобар третман

Селекторот на одбојкарската репрезентација, Никола Матијашевиќ е пресреќен за остварениот историски успех и првата победа на Македонија на Европските првенства.

– Мило ми е пред се за луѓето од федерацијата, кои ни овозможија услови за да се пласираме на ова ЕП и добро да се подготвиме за шампионатот. Морам да им честитам на одбојкарите за одличната игра, пресуди нивното срце. Бидејќи слушнав дека имало сомнежи во нашите квалитети, мило ми е што тие луѓе кои не ни сакаат добро ќе мора да препознаат дека оваа репрезентација вреди и заслужува добар третман во Македонија.

Утре играме со Словенија, ќе одиграме најдобро што знаеме и ако ни се укаже шанса ќе гледаме да освоиме барем еден сет. Ако освои еден, ќе се обидеме да дојдеме до втор, зошто да не и до трет– изјави Матијашевиќ по победата над Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот