Матијашевиќ: Конечно немаме повредени, да бидеме позитивни на ЕП!

фото: ОФМ

Нашата репрезентација оствари голема победа над Бугарија со 3:0 (25:23, 25:21 и 25:19) и го освои третото место на 43-тото издание на традиционалниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка”.

Селекторот Никола Матијашевиќ вели дека турнирот „Чајка“ беше добар за неговите одбојкари кои одиграле подобро во однос на претходните контролни мечеви против Шведска и Романија, и против Бугарија имаа уште поголем прогрес во нивната игра.

– Имаме уште да работиме во сите елементи, конечно сите мои играчи се опоравија од своите повреди и имаме доволно време да се поправиме во некои сегменти. Одиме со оптимизам во Ст. Полтен за тест дуелите со Австрија и потоа за Европското првенство и групната фаза во Љубљана. Ќе играме против Финска, Турција, бранителот на титулата Русија, Белорусија и Словенија, но мораме да размислуваме позитивно – рече Матијашевиќ, стратегот на нашата селекција.

Дебитантскиот настап „црвено-жолтите“ на континенталните собири ќе го имаат на 12 септември во арената „Стожице“ против репрезентацијата на Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот