Матичните лекари сѐ уште чекаат насоки за лекување со „ивермектин“

Ивермектин/ Фото Sandrine Mulas / AFP / Profimedia

Матичните лекари сѐ уште чекаат официјални насоки за лекување со лекот „ивермектин“ и негово дозирање. Претседателката на Здружение на матични лекари Лилија Чолакова Дервишова вели дека според упатството, дозирањето со лекот „иверметкин“ е 0,2 мг на килограм телесна тежина.

Може да се препише и кај деца над 17 килограми тежина, но таа лично немала досега искуство во третманот со овој лек.

– Јас лично му се обратив на министерот за здравство, Венко Филипче и побарав да се утврди протокол за лекување со „иверметкин“. Ова е нов лек, за првпат доаѓа во Македонија и не сакаме да експериментираме со него. Се работи за наши пациенти, човечки животи на кои не смееме да експериментираме. Не е дозволиво, како досега сами меѓусебе да се консултираме како треба да дозираме. Ни фалат протоколи за лекување и тоа за три состојби, кај хронични пациенти кои се здрави, за пациенти позитивни на ковид-19, но во почетна фаза и кај тешки пациенти, бидејќи лекувањето за овие три категории не смее да биде исто, децидна е д-р Чолакова.

Според неа, овој лек не треба да го земаат бремени жени, посебно во првите три месеци од бременоста.

Го баравме и го најдовме: „Ивермектин“ има во една аптека на Зегин

Велешанец со сведоштво за „Слободен печат“: Ивермектинот ми го спаси животот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот