Матичен млеч, комплекс од аминокиселини и протеини: Како правилно да го чувате и употребувате?

Unsplash
Unsplash

Матичниот млеч е природен пчелин производ што е многу ценет, бидејќи е добар за подобрување на имунитетот на целиот организам и во борбата против вирусните и бактериските инфекции.

Матичниот млеч е густа бела или кремаста смеса со специфичен мирис и киселкасто-сладок вкус, а е производ што го прават пчелите за исхрана на пчелата матица, младите пчели работнички и трутовите. Тој има висока биолошка и хранлива вредност. Покрај обичниот матичен млеч, постои и друг вид, кој е нешто погуст и содржи повеќе хранливи материи.

Unsplash
Unsplash

Производството на матичен млеч е тежок процес, а за шест месеци една добро одржувана кошница може да произведе околу половина килограм млеч. Бидејќи не е долготраен, потребно е откако ќе се земе од кошницата, да се чува на ладно. Ако се измеша со мед, може да трае подолго.

Чување и користење

Во составот на млечот влегуваат 18 аминокиселини и десетина протеини. Некои од нив се физиолошки активни ензими, исто така содржи јаглехидрати, витамини, минерали, липиди. Активните состојки каде што спаѓаат пептиди, стероли и други, сè уште не се испитани докрај.

Unsplash
Unsplash

Матичниот млеч може да се купи во специјализирани продавници, аптеки и од производители на мед. Природниот млеч се чува во фрижидер на максимум пет степени или во замрзнувач, каде што ако се замрзне, може да трае до седум години, без да го смени квалитетот. Ако се чува во фрижидер, се користи како капки под јазик, а од замрзнувач се зема со дрвена лажичка. Освен самостојно, може да се користи и во комбинација со разни имуностимулатори и додатоци.

Корисни својства

Не треба да доаѓа во допир со метални предмети бидејќи се создава хемиска реакција од која се губат својствата на млечот. Најдобро е да се зема свеж, да се стави под јазик и да се почека неколку минути да се стопи. Така полесно се апсорбира во крвта и дава најбрзи ефекти.

Unsplash
Unsplash

Препорачливо е да се зема двапати на ден, наутро и попладне, не и навечер бидејќи дава енергија и може да доведе до несоница. Матичниот млеч дејствува благотворно на целиот организам. Ја подобрува размена на материите, го намалува нивото на холестерол, го подобрува имунитетот, апетитот, циркулацијата на крвта. Воедно го забавува процесот на стареење го нормализира притисокот.

Сепак, мора да се спомене дека лицата алергични на полен треба да внимаваат при внесување матичен млеч, бидејќи се забележани се случаи на напад на астма, алергиски напади дури и смртни случаи при консумирање пчелини производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот