Материјал на иднината: Потенок од влакно, а 200 пати посилен од челикот

Графенот се смета за материјал на иднината поради својата неверојатна сила и многуте можни начини на којшто може да се употреби, а сега истражувачите од Европа ги објавија првите упатства за негово производство.

Книгата во која се опишани начините за изработка на графен ја состави конзорциумот „Graphene Flagship“, кој го сочинуваат претставници на неколку универзитети и компании.

Конзорциумот, кој е основан во 2013 година, е еден од трите големи научни проекти кои ги финансира Европската Унија, со буџет поголем од милијарда евра.

Овој тим на истражувачи се надева дека упатствата ќе им помогнат на идните произведувачи подобро да се запознаа со овој материјал, кој би можел да направи револуција во многу индустрии.

Графенот се состоии од слој на атоми на јаглерод кои се издвојуваат од графитот. Овој материја, кој за милион пати е потенок од влакно, 200 пати е потврд од челикот, потврд е и од дијамантот и спроведува елетрицитет и топлина многу подобро од останатите материјали.

– Тоа е опширна книга која опишува многу начини за производство на графен – вели мар Гарсија Ернандез, која учествувала во составувањето на прирачникот.

Флексибилноста и еластичноста на овој материјал се карактеристики поради кои тој може да биде корисен во многу индустрии, во аеронаутиката, истражувањето на вселената, медицината, енергетската индустрија и електрониката.

„Graphene Flagship“ во декември се „спријателија“ со големи европски фабрики за прототипи на графен практично да се употребат во нивното производство, пишува „Еуроњуз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот