Матераци откри зошто беше удрен од Зидан со глава! (ВИДЕО)

фото: твитер

– Тоа беше едноставно неочекувано, доколку не го стореше тоа, јас ќе го удрев и него – се зборовите на поранешниот италијански репрезентативец.

Италијанецот во еден директните разговори на Инстаграм, кои во овие времиња на карантин поради пандемијата на коронавирус ги водат фудбалските легенди, истакна дека не го очекувал ударот со глава од страна на Французинот.

Марко Матераци со италијанската репрезентација ја прослави светската титула пред 14 години после победата над француската селекција на пенали со 5:3. Во регуларните 90 минути беше 1:1, Зидан стрелаше за водство, а израмни Матераци во текот на првото полувреме.

Предизвикан од Матераци во продолженијата на Олимпискиот стадион во Берлин, славниот Зизу излезе од самоконтрола удирајќи со главата во градите на Матераци.

Непоправлив гест синоним за исклучување кој таму еден од најдобрите играчи во светскиот фудбал го играше последен натпревар од неговата репрезентативна кариера.

Беше провокација, неколку пати бев агресивен на теренот во дуелите, се извинив првиот пат, но тој одговори со навреди. Потоа сè излезе од контрола, во споменатата ситуација, ми рече: „Ќе ти го дадам дресот подоцна”. Му одговорив дека не ми треба дресот, повеќе ја претпочитам неговата сестрa – рече Матераци.

Матераци воедно признава дека не паднал театрално..

Никако, тоа беше едноставно неочекувано, доколку не го стореше тоа, јас ќе го удрев и него, па така и двајцата би добиле црвени картони, не простувам никому – додаде екс членот на Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот