Мате Парлов: Боксот беше неговиот живот (ВИДЕО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Мате Парлов: Боксот беше неговиот живот (ВИДЕО)

На денешен ден во 1948 година е најдобриот боксер на овие простори.

Мате Парлов е вистинска боксерска легенда, еден од најдобрите во историјата на овој спорт и сигурно најдобар во поранешната СФР Југославија.

Мате со 16 години почна да тренинра во БК Пула, а неговиот талент за бокс излезе на виделина само три години подоцна кога ја освои титулата во СФРЈ во полутешка категорија.

Токму од тие моменти започнува неговата неверојатна кариера, првиот голем успех на меѓународна сцена го имаше на 21 година, поточно во 1969 година кога во Букурешт стана европски вицешампион во полутешка категорија.

Две години подоцна во Мадрид отиде чекор понатаму и стана европски шампион, а титулата ја одбрани и на ЕП 1973 година во Белград.
Тој е освојувач и на златниот медал од Олимписките игри во Минхен 1972 година.

Мате Парлов доминацијата во полутешка категорија ја потврди во 1974 година кога во Хавана ја освои аматерската светска титула, по што одлучи да премине во професионалци.


Во 1976 година стана европски шампион во полутешка категорија во ВБЦ верзијата откако го победи Доменико Адинолфи од Италија.
Во аматерската кариера имаше 310 мечеви од кои загуби на само 13, додека во префесионалната кариера имаше скор од 24 победи, три порази и две „ремија“.

Мате Парлов почина на 29 јули 2008 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close