Матарела: Вакцинирањето треба да е морална и граѓанска должност

Фото: EPA-EFE/LEWIS JOLY / POOL MAXPPP OUT

Италијанскиот претседател, Серхио Матарела, на традиционалната церемонија „Вентаљо“ изјави дека вакцинирањето мора да биде морална и граѓанска должност и дека само со вакцинирање може да се победи вирусот. 

„Само со вакцинирање можеме да го победиме вирусот. Имунитетот нас не прави неповредливи и ја намалува можноста за заразување, неговата циркулација и опасноста, поради тоа вакцинацијата е морална и граѓанска должност“ изјави Матарела, пренесува агенцијата Анса. 

На годишната церемонија „Вентаљо“, на која учествувале бројни политичари и функционери од Италија, претседателот Матарела ги потсетил граѓаните дека пандемијата не е завршена и дека вирусот постојано мутира, станувајќи се поопасен. 

„Се надевам дека ќе постои заедничка одговорност. Слободата е задолжителна, но вирусот е тој кој ни ја ограничува слободата. Доколку не му обрнеме внимание, тој може да донесе нови проблеми кон нашите социјални и економски животи“ рече Матарела. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот