1 C
Скопје

Матарела ќе почне консултации за формирање нова италијанска влада

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска ќе ги почне консултациите со лидерите на политичките партии за надминување на политичката криза во земјата, откако премиерот Џузепе Конте вчера поднесе оставка.

Според изјава од кабинетот на претседателот, од Конте било побарано да остане на функцијата со технички капацитет додека не завршат преговорите, јавуваат британските медиуми.

Конте минатата недела го изгуби апсолутното мнозинство во Горниот дом на парламентот, Сенатот, откако пратениците од коалицијата „Италија Вива”, предводена од поранешниот премиер Матео Ренци, поднесоа оставки, незадоволни од владината резолуција за кризата со коронавирусот и од економската рецесија.

Неуспешни беа напорите на Конте да ги доведе центристичките и независните сенатори во коалицијата за пополнување на празнината што ја остави Ренци, не оставајќи му на премиерот друг избор освен оставка и официјално отворање на владина криза што ќе му даде повеќе време да постигне договор.

Конте поднесе оставка кај претседателот Матарела

Доколку Матарела смета дека Конте би можел да ја добие потребната поддршка за формирање нова влада, ќе му даде рок од неколку дена да се обиде да формира нов кабинет.

Прочитајте и...  Израел крои планови како да ги заштити од апсење офицерите од војната во 2014 година

Меѓутоа, доколку не успее, Матарела ќе мора да излезе со алтернативен кандидат за кого смета дека е способен да формира коалиција што ќе функционира. Во случај сите опции да паднат во вода, ќе мора да се распишат предвремени избори, две години пред крајниот рок.

Поврзани вести

Прекината свадба во Тетово со 110 гости, приведен сопственикот на угостителскиот објект

Слободен печат

Хазири: Во Македонија има рурални општини кои немаат ниту функционални веб-страници

Дестан Јонузи

173 санкционирани возачи во Скопје,28 за брзо возење, 20 за користење мобилен

Слободен печат

Садики и Сејдиу велат дека општините Студеничани и Желино се отчетни и транспарентни

Дестан Јонузи

Новиот закон за платежни услуги и платни ситеми поставен на ЕНЕР

Слободен печат

Спасовски направи увид на реконструкцијата на СВР Куманово

Слободен печат

Остави Коментар