МАСОВНО ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ВО ГЕРМАНИЈА: Над 20 луѓе починале од заразени колбаси?

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Најмалку три смртни случаи и повеќе од десетина заразени со бактерии од групата на листерија може да се поврзат со зарасени кобасици на германскиот произведувач на прехранбени производи „Wilke“ од Берндорф, во германската покраина Хесен. Во нивните колбаси е откриена листерија, која може да предизвика смрт кај луѓе со слаб имунитет. Со одлука на судот, „Wilke“ се затворени на почетокот на октомври, пренесе српски „Блиц“.

Во тек е истрагата, која треба да покаже дали заразените луѓе навистина починале поради тоа што консумирале спорни производи, или причината за инфекцијата е нешто друго.

– Во моментов испитувале дали навистина постои причинско-последична врска меѓу инфекциите и смртните случаи и какви симптоми имале луѓето кои биле заболени од листериоза – изјави за ДПА портпаролот на обвинителството Андреас Тене.

Обивнителството исто така испитува дали има основ за кривично гонење на произведувачот поради заразеност на производите. Обвинителството во Касел спроведе истрага против директорот на фабриката поради убиство од небрежност.

Фабриката во меѓувреме поднесе пријава за стечај, а според информациите од германските медиуми, тие се жалеле на одлуката за затварање на повисока инстанца, но жалбата им била одбиена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот