Масовно труење од полнети пиперки и лубеници: Седум лица во Босна и Херцеговина завршиле во болница поради расипана храна

Фото: Профимедиа

Седум лица биле сместени во Клиника за инфективни болести во Клиничкиот центар на универзитетот во Сараево под сомнение дека се отруле од храна, односно од полнети пиперки и лубеници, пренесува Дневни аваз.

Според овие информации, нивната здравствена состојба е стабилна, а тие се јавиле во болницата жалејќи се на стомачни проблеми.

– Известени сме дека седум ччленови на едно семејство побарале медицинска помош на Инфективната клиника поради симптоми за труење со храна. Заега не можеме да ја утврдиме точната причина – изјавиле од Кантоналната управа за инспекциски работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот