Масовно труење на животни и птици во Делчево

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Масовна појава на труење животни и птици во Делчево. Појавата започнала во текот на изминатата ноќ, а како што информираше ветеринарниот доктор Николчо Стојменовски продолжила денес со труење на кучиња и гулаби.

– Околу 17:30 часот беше првиот повик и интервенција, а интервенирањето продолжи и во текот на ноќта и денешниот ден. Денес може да се забележи труење на гулаби. За жал за дел од кучињата отровот беше пресилен додека дел од нив успеавме да спасиме, рече Стоименовски.

Според ветеринарот Стоименовски решение за ваквата состојба е распишување тендер и склучување договор со некоја од ветеринарни станици и решавање на проблемот со третирање на болните и изнемоштени животни со стерилизација и кастрација. Труењето е пријавено до полициската станица во Делчево, а за настанот се известени и во Општина Делчево.

Осуда за труењето упати и делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.

– Ги повикувам надлежните истражни органи сериозно да ги истражат овие случаи и конечно сторителот или сторителите на овој грозоморен чин да одговараа согласно законот, бидејќи станува збор за кривично дело. Не можеме да дозволиме овде во Делчево да се случува вакво масовно труење на животни, бидејќи ваквата ситуација на фрлање отров насекаде, посебно во централното градско подрачје, може да има далекусежни последици не само по безбедноста и здравјето на домашните миленици, туку и на нашите деца и воопшто на секој граѓанин. Ваквата состојба на фрлен отров не може да се контролира, но затоа одговорните треба да се санкционираат, истакна Трајковски.

Потенцираше дека убиствата на кучиња не е начинот на решавање на проблемот со кучињата скитници и истиот како што додаде треба да се решава законски и согласно со можностите и условите на општината, која додаде дека сериозно ќе пристапи кон изнаоѓање соодветно решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот