Масовно се гради во Стара Чаршија: Белгискиот експерт Ванхојте ги прашува политичарите зошто ги затвораат очите?!

Фото: Фејсбук

Белгискиот дипломат Питер Ванхојте, кој беше ангажиран од Европската Унија во процесот на преговори и склучување на договорите од Пржино, како и во процесот на договарање на СЈО, на својот Фејсбук профил изрази загриженост за Старата скопска Чаршија, потточно за масовното градење токму таму.

Експертот на социјалната мрежа пишува дека Стара Чаршија е место кое заслужува да биде заштитено како наследство на УНЕСКО, Според Законот тоа е културно наследство од посебна важност.

Ванхојте се прашува кој ќе одговара за жртвите после следниот земјотрес, ги прашува, исто така и политичарите, зошто ги затвораат очите пред оваа нелегална градба.

Вели дека ова е местото каде што лошото раководење е видливо на лице место, нелегална изградба на згради и хотел каде што се дозволени само 2 ката, а во близина на сосема нелегална висока зграда од 9 ката.

Once the heart and soul of Skopje: Стара чаршија – the old bazaar – a place that deserved to be protected as UNESCO…

Publiée par Peter Vanhoutte sur Lundi 16 décembre 2019

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот