Масовните руски ракетни напади врз Украина ја принудија Полска да ги подигне своите борбени авиони

Во Полска утрово се подигнати ловци Ф-16 за да го заштитат воздушниот простор на земјата поради рускиот ракетен напад на територијата на Украина, соопшти полската армија.

Поради рускиот напад врз објекти лоцирани, меѓу другото, на запад од Украина, во согласност со важечките процедури, подигнати се дежурни парови ловци, а копнените воздушни одбранбени и радарски извидувачки системи достигнаа највисоко ниво на подготвеност, соопшти на платформата Икс, Оперативната команда на Полската армија.

„Русија утрово изврши голем напад врз украинските енергетски капацитети“, изјави украинскиот министер за енергетика, Херман Галушченко.

Компанијата „Укриненерго“ на Фејсбук објави дека поради силниот руски ракетен напад врз енергетските капацитети, се зголеми обемот на мерките за ограничување на потрошувачката на електрична енергија. Воздухопловната тревога беше прогласена низ целата земја, а украинските воздухопловни сили објавија предупредување дека Русија лансирала проектили за време на нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот