Масовни тестирања за Ковид-19 во поширокиот регион на грчкиот град Ксанти

За елиминирање на континуираните позитивни случаи на Ковид-19 во поширокиот регион на грчкиот град Ксанти, од денеска напладне, до сабота, 15 мобилни единици во десет општини ќе вршат масовно тестирање на населението, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката, како што соопштија од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, била донесена доцна синоќа на вонредниот состанок на заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас со професорот епидемиолог надлежен за Ковид-19, Сотирис Циодрас и претседателот на Националната организација за јавно здравје Панајотис Аркуманеас, а на кој присуствувале и префектот на конкретната периферија и градоначалниците на општините во кои што ќе се врши тестирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот