Масовни протести во Канада против воведените епидемиолошки мерки

 Десетици илјади луѓе протестираа на Олимпискиот стадион во Монтреал против воведените епидемиолошки мерки од страна на Владата за спречување на третиот бран од пандемијата на Ковид-19 во Канада.

Некои демонстранти биле уапсени на почетокот на протестот поради одбивање да носат маски и прекршување на полицискиот час.

Полицијата не соопшти точни податоци за бројот на демонстранти, но канадските медиуми објавија дека повеќе од 30.000 протестирале во Квебек и тоа е најбројниот митинг против ограничувањата во градот во изминатите месеци. Демонстрантите, игнорирајќи ги правилата за социјално дистанцирање, изјавија дека ограничувањата наметнати од власта во Квебек се „неоправдани”.

Тие го критикуваа задолжителното носење маски на собири на отворено и полицискиот час воведен од почетокот на јануари, мерка која не е наложена во Канада уште од појавата на шпанскиот грип пред еден век.

Премиерот Џастин Трудо го нарече протестот „длабоко разочарувачки”.

– Иронијата е тука што кога луѓето ќе се соберат, тие се ставаат во опасност, ја шират инфекцијата и го продолжуваат времето во кое ќе треба да се соочиме со ограничувања и мерки за јавното здравје, истакна Трудо.

Канада регистрира повеќе од 1,2 милиони случаи на коронавирус и 24.200 починати, од кои над половина во Онтарио и Квебек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот