Масовни протести против американските трупи во Багдад

Фото: EPA-EFE/MURTAJA LATEEF

Патиштата и мостовите што водат кон силно утврдената Зелена зона, седиштето на ирачката Влада и неколку странски амбасади, вклучувајќи ги и САД, беа блокирани со бетонски бариери.

Стотици илјадници приврзаници на влијателниот, радикален шиитски свештеник Муктада ал Садр се собраа денеска во центарот на Багдад, барајќи американски трупи да ја напуштат земјата, во момент на зголемени тензии откако САД на 3 јануари близу ирачката престолнина во воздушен напад го уби иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Од утрово на централниот плоштад во Багдад се слуша: Не, не Америка!, пренесува Танјуг. Медиумите забележале и дете со транспарент на кој пишува: Смрт за Америка. Смрт за Израел.

На Твитер е објавена и фотографија од демонстранти кои обесија картонски Доналд Трамп, искажувајќи го на тој начин незадоволството од американското воено присуство во земјата.

Патиштата и мостовите што водат кон силно утврдената Зелена зона, седиштето на ирачката Влада и неколку странски амбасади, вклучувајќи ги и САД, беа блокирани со бетонски бариери.

Полицијата, исто така, ги затвори патишта што водат кон местото на протестот, насловен „Марш на милион луѓе”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот