Масовни протести на грчките острови за ситуацијата со мигрантите

Протестите, што денеска се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Хиос за ситуацијата со бегалците и мигрантите, во рамките на генералниот штрајк, поминаа мирно и масовно, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестите се одржаа под слоганот „Ги сакаме назад нашите острови”, а според локалните медиуми од трите острови, илјадници граѓани се собраа на централните плоштади за да испратат порака дека мора да се подобри ситуацијата во бегалските кампови, преку пренесување во други делови на Грција, бараат да се намали бројот на бегалците и мигрантите, но и да не се градат нови прифатни центри.

Префектот на островите од северниот дел на Егејското море заедно со градоначалниците, утре ќе пристигнат во Атина, за нивната резолуција со барањата да ги достават до кабинетот на Мицотакис, до Министерството за внатрешни работи и до Парламентот.

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис , како што претходно објави МИА, коментирајќи го штрајкот, рече дека е оправдана огорченоста на граѓаните за континуираната мигрантска криза и паралелно најави дека утре ќе се сретне со надлежниот префект и со градоначалниците на трите острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот