Масовни отпуштања: Оваа банка затвора 35.000 работни места

Во изјавата на „HSBC“ се вели дека целта е да се намалат оперативните трошоци за 4,5 милијарди американски долари (3,5 милијарди фунти) до 2022 година.

Британската банка „HSBC“ објави дека ќе затвори околу 35.000 работни места и соопшти дека нејзиниот профит во 2019 година опаднал за 33 проценти.

Во изјавата на „HSBC“ се вели дека целта е да се намалат оперативните трошоци за 4,5 милијарди американски долари (3,5 милијарди фунти) до 2022 година, како дел од најголемото реструктуирање на банките и да се намалат средствата за 100 милијарди долари, објави „ВВС“.

Ноел Квин, привремениот генерален директор, рече дека „HSBC“ ќе го намали персоналот од 235.000 на околу 200.000 во текот на следните три години.

Банката, која генерира најголем дел од своите приходи во Азија, објави дека нејзината годишна добивка пред оданочување била 13,35 милијарди американски долари (10,3 милијарди фунти).

Таа, исто така додаде дека падот на профитот главно се должи на нејзините инвестиции и комерцијалното банкарско работење во Европа и дека отпишала 7,3 милијарди американски долари во глобалното банкарство и на пазарот и на трговското работење на Стариот континент.

На деловниот резултат влијаеше и подолгото повлекување на Велика Британија од ЕУ, историски ниски каматни стапки ширум светот, како и избувнувањето на епидемијата на коронавирусот.

„HSBC“ во моментов работи во повеќе од 50 земји низ Северна Америка, Европа, Блискиот исток и Азија. Во седиштето во Велика Британија се вработени повеќе од 40.000 луѓе.

Најавеното отпуштање на 35.000 работници е повисоко од очекуваното и претставува околу 15 проценти од работната сила. Според аналитичарите, „HSBC“ ќе намали околу 10.000 работни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот