Масовни евакуации на Хаваите поради страшен пожар (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Поради огромен пожар кој избил на островот Мауи на Хаваите биле евакуирани илјадници туристи и жители, пренесуваат медиумите ширум светот.

Пожарот почнал околу 10.30 часот по локално време, а ветрови со брзина до 20 километри на час го прошириле огнот по околните необработени полиња.

Пожарникари и два хеликоптери од вчера го гаснат пожарот.

Илјадници луѓе се евакуирани, а во локалните засолништа од нив сместени се 500. Средните училишта во Мауи примиле околу 200 мачки и кучиња преместени од локалното засолниште за животни.

Привремено бил затворен аеродромот Кахулуи, а летовите се пренасочени поради чад.

Засега нема информации за повредени или за оштетени објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот