Масовна тепачка во Гостивар: Повредена жена, приведени двајца насилници

Две лица се приведени во полициска станица, откако биле пријавени дека физички нападнале двајца помлади гостиварци. Во масовната тепачка која се случила синоќа на улицата „Беличица” во Гостивар се користеле и метални предмети, а била повредна и една жена.

Според СВР Тетово, синоќа околу 22 часот, гостиварката Л.С.(53) и нејзиниот син А.С. (21) од Гостивар пријавиле физички напад. Според пријавата, околу 19:25 часот на улица „Беличица”, А.С. и неговиот другар Б.К. (20), физички биле нападнати од повеќе лица. При обидот да ги раздели била нападната и Л.С.

Според сознанијата на полицијата, во настанот биле вклучени повеќе лица, а некои од нив користеле и метални предмети. По пријавата, лишени од слобода се С.Б. (40) и М.Б. (49) од Гостивар поради сомнение дека учествувале во насилството. Во ОВР Гостивар се преземаат мерки за расчистување и на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот