Масовна тепачка на протестот во Нови Сад, има повредени

Протести во Србија/ Фото: Драган Мујан/ Нова.рс

Веднаш откако во 14 часот во Нови Сад започна блокадата на раскрсниците на булеварот Ослобоѓење и Народни фронт, односно Мостот на слободата, изби масовна тепачка откако дваесетина млади момчиња излегоа од колона автомобили и се судрија со демонстрантите.

Според известувачот на агенцијата Бета од местото на настанот, во тепачката учествувале стотина луѓе и има повредени, а младите кои ја предизвикале тепачката избегале од местото.

Според изјавите на очевидците, младите кои ја предизвикале тепачката се појавиле од правец на колоната запрени возила.

По десетина минути групата млади кои провоцирале се вратила и дошло до нов инцидент и општа тепачка кога млад човек од групата кој провоцирал фрлил солзавец во толпа, по што настанало стампедо и општа тепачка.

Според очевидци, на лице место настанала „тотална конфузија“, а има и повредени.

Според информациите од терен, има напади врз новинарите кои известуваат од протестот во Нови Сад, а снимателот на Самостојното здружение на новинари на Војводина бил испрскан директно во очите со  спреј од провокатори додека го снимал настанот.

Мостот Слобода и тој дел од Нови Сад се уште се под сообраќајна блокада организирана од еколошки здруженија.

Собирот не го обезбедува полицијата и не интервенирала при овие инциденти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот