Масло од цимет од кое косата ќе ви расте како луда

Секојдневниот начин на живеење, стресот, загадениот воздух и недоволното време за нега може да предизвикаат косата да ви паѓа и да ги губи квалитетот и густината.

Грижата за косата треба да ви биде приоритет, исто како и негата на остатокот на целото тело. Еден од триковите кои можеме да ги научиме од индијките, кои имаат навистина квалитетна коса, е употребата на масло од цимет за нега.

Овој домашно подготвен препрарат ќе го подобри квалитетот на влакното и ќе го стимулира растот на косата.

Потребни ви се 4 полни лажици кокосово масло, една лажичка мед (испуштете го доколку имате алергија) и една голема лажица цимет (најдобро органски цејлонски цимет).

Растопете го кокосовото масло во сад. Додадете го медот, а потоа и циметот. Оваа количина е доволна за должина до рамениците. Ако имате подолга коса, направете поголема количина.

Делете ја косата како за фарбање со боја и обилно нанесувајте во коренот на косата. Измасирајте го скалпот. Оставете да делува најмалку ва часа. Измијте добро со благ шампон.

Ако сте имале алергиска реакција на некоја од состојките не ја користете оваа маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот