Масло и екстракт од морков за еластична кожа

Додавањето на само неколку капки природно масло во рутината за нега може да има многу поволно дејство врз кожата, посебно во зимските денови кога кожата е изложена на ветер и студ.

Масла за нега на лице

Липидите се главната заштитна супстанција на кожата. Маслата за лице се специјални природни масла кои го зајакнуваат заштитниот слој на кожата и го спречуваат губењето на влажноста. Со тоа ја подобруваат нејзината текстура и ја прават мазна за кратко време, ефект што не може да се постигне единствено со средствата за хидратација. Со маслата за лице можете да ја збогатите вашата рутина за нега на лицето, а исто така може да ги користите за нега на косата и телото. Додавањето на само неколку капки природно масло во рутината за нега може да има многу поволно дејство врз кожата, посебно во зимските денови кога кожата е изложена на ветер и студ.

Екстракт и масло од семе од морков

Екстрактот и маслото од семе од морков се богати со хранливи материи кои на кожата ѝ пружаат хидратација и прихрана. Исто така се богати со витамин А и каротин. Витаминот А го стимулира заздравувањето на кожата и производството на колаген, со што ја намалува појавата на фини линии и брчки. Исто така, ги избелува пигментираните дамки и старечките пеги. Каротинот, благодарение на своите антиоксидантни својства, ја штити кожата од слободните радикали.

BENTON LET’S CARROT MULTY OIL

Let’s Carrot Multi Oil е производ на корејскиот бренд за природна козметика Benton. Тоа е мулти-масло, односно мешавина од неколку природни масла, каде што посебна активна улога има маслото од семе од морков, надополнето со екстракт од морков. Ова масло го регулира балансот на кожата, ја снабдува кожата со потребната влажност и мноштво хранливи материи дистрибуирани до сите нејзини слоеви. Тоа е лесно масло, кое на кожата ѝ дава полн и мазен изглед и ја подобрува нејзината еластичност без да создава чувство на лизгава и тешка текстура. На кожата ѝ пружа длабинска нега на природен начин, со што кожата се енергизира и зрачи со здрава виталност.

Хипоалергенскo e и не предизвикува иритација. Тоа нуди здрава формула без штетни или контроверзни состојки. Не содржи испарлив алкохол, PEG, силикони, парабени, минерални масла, бензофенони, стероиди, фталати, хемиски конзерванси, вештачи бои и мириси.

Содржи бета-каротен, кој е моќен антиоксидант што ја заштитува кожата од слободните радикали и УВ-зрачењето, со што го спречува предвременото стареење. Токоферолот или витаминот Е, помага во заштита на кожата и ја стимулира нејзината виталност и здравје.

Производите на Benton можете да ги најдете во специјализираната продавница за корејска козметика Olpeo, во ГТЦ во Скопје на првиот кат, или да нарачате на www.olpeo.mk.

(комерцијален текст)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот