Маските би можеле да предизвикаат сериозни стоматолошки проблеми!

Носењето маска стана неопходно во некои места, но стоматолозите предупредуваат дека тоа може да доведе до проблеми со забите и непцата. Д-р Џефри Сулицер за Ливерпул Ехо рекол дека луѓето, поради долго носење на маската, дишат повеќе преку устата отколку преку носот и токму тука се појавува проблемот. Имено, таа ја суши устата, а резултатот може да биде болест на непцата.

„Покривањето на устата и носот подолг временски период ќе ве натера да дишете преку устата. Резултатот е сува уста, а потоа се зголемува веројатноста за заболување на непцата и лош здив“, вели д-р Сулицер.

Неговиот совет е да обрнете посебно внимание на оралната хигиена, да пиете многу течности помеѓу носењето маска и да џвакате гуми за џвакање без шеќер за да го зголемите производството на плунка.

Специјалистката за дишење Џоан Клејтон препорачува луѓето да практикуваат дома да носат маска за да научат да дишат под нив.

„Важно е да дишете преку нос, а некои луѓе автоматски почнуваат да дишат преку уста кога ќе ја стават маската. Добро е да се обидете да ја носите дома неколку минути и да се концентрирате на дишењето и постепено да го зголемувате периодот на носење“, додала таа.

За правилно дишење на носот под маската, потребно е да се прилагоди темпото на одење.

„Треба да пронајдете умерена брзина на одење, што нема да го зголеми срцевиот ритам и со тоа да ве натера да започнете да дишете преку уста“, заклучува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот