„Маската на Меркел е кинески фејк“: Експертите тврдат дека еден детал недостасува

Ангела Меркел со заштитна маска
Ангела Меркел со заштитна маска / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел се најде на мета на критики заради маската која денеска ја носеше за време на обраќањето во Бундестагот, бидејќи е „кинески фејк“, како што тврди директорот на компанијата Линденкер, Филип Хајман.

„Маската која ја носи канцеларката е очигледен фалсификат, најверојатно од Кина“, рекол Хајман за Билд.

Тој рекол дека маските од типот ФФП2 се препознаваат на основа на четирицифрениот контролен број кој стои зад ЦЕ знакот.

Таквиот број во Германија е задолжителен, а недостасува на маската која ја носеше Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот