Маската е попријатна ако е модерна, еве ги најпосакуваните модели на заштитни маски

Instagram

Заштитната маска стана суштинско и неопходно модно парче во периодот на пандемијата Ковид-19, но сега, кога во повеќето европски земји мерките се олабавени, се бараат заштитни маски кои се брендирани или фенси.

Поради важноста овој неопходен моден додаток да биде попријатен за носење, помалите и поголемите модни фирми, луксузните модни марки како и „хај стрит“ брендовите, популарни или помалку познати, почнаа да дизајнираат заштитни маски со модерен ефект. Но, освен овие трендовски маски, во модна игра е и оригиналната хируршка маска, доколку може да се дојде до неа.

Да се потсетиме дека на доделувањето на наградите Греми, во јануари, американската пејачка и текстописец Били Ајлиш се појави со маска од марката „Гучи“, додека на својот Инстаграм профил, неколку месеци претходно, позираше со маска од Сваровски.

инстаграм

Меѓу првите брендови кои одговорија со модна реакција на маските за заштита од Ковид-19, беа италијанските модни гигантни Армани, Гучи и Прада.

По нивниот пример, многу други брендови се мобилизираа за да ја направат маската, која се носи секојдневно, што попријатен додаток дури и за очите на обичните луѓе, а не само на лекарите. Њу Баланс неодамна започна со производство на маски за американскиот пазар.

Некои од популарните модни марки одлучија да произведуваат заштитни маски за оние кои се во првите линии на борба против пандемијата, сепак се повеќе има брендови кои пуштија во продажба трендовски маски, како и маски во различни нијанси, кои се изработени надворешно од памук, а внатрешниот дел е од заштитна ткаенина. Цените се движат од 15-на евра, па нагоре.

Меѓу најпопуларните се маските со колоритни принтови, флорален принт, но и тексас маските.

инстаграм
фејсбук

Во САД пак, едни од најмодерните маски лансираше модната марка Акеш Стајлајнс, предводена од дизајнерката Џенифер Акеш-Барни, родена и израсната во Гана. Нејзините креации прват модерен пресврт на традиционалната африканска шара, која се карактеризира со живописни бои и дезени. Дизајнерката отиде чекор подалеку од колегите, па додаде многу женственост во дизајните – нејзините маски за лице можат да имаат и дополнителна лента за за глава или декорација како марама за вратот. Акеш објаснува дека сака маските да им овозможат на нејзините клиенти заштита без да го ѓртвуваат стилот. Бидејќи мисијата на оваа марка е да ги поддржи жените во самоизразувањето, во САД овие маски се познати и како „Пауер Маск“.

Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот