Маск повторно во обид да создаде компанија за осигурување возила

Илон Маск / Фото: EPA/PETER FOLEY

Маск сега е убеден дека на компанијата овојпат ќе ѝ тргне. Тој ги повика агентите за осигурување да дојдат и да работат за „Тесла”.

На презентацијата пред акционерите за резултатите од второто тримесечје на компанијата „Тесла” синоќа, Илон Маск меѓудругото, соопшти за подготовка на создавање на истоимена осигурителна команија, јави Бизнис инсајдер.

Според првичните планови, во повеќе сојузни држави кон крајот на годината треба да се појават филијали на „ Тесла иншуранс “.

-Ќе создадеме јака, голема осигурителна компанија, изјави Маск.

Идејата е да се создаде таква компанија што ќе ги користи информациите собрани од автомобилот за да се изгради профил на возачот за оценување на соодносот и веројатноста од сообраќајни незгоди, и според тоа да се пресметаат месечните рати за осигурување.

Понудата на Маск за осигурување на возилата на компанијата Тесла не е нова. Сопствениците на овие електро автомобили со години се жалат дека осигурителните компании им наплаќаат превисоки рати поради скапите поправки.

Тесла осигурување се појави во Калифорнија уште во април 2019 година, потоа имаше обид да се оди на национално ниво, но сајтот на кој првите членови се пријавија крахираше и не се обнови.

Некои од сопствениците се жалеа дека им било понудени многу поскапи полиси, и до 20 отсто повеќе споредено со оние на другите осигурителни компании во САД. „Тесла иншуранс” продолжи да работи само во Калифорнија.

Но Маск сега е убеден дека на компанијата овојпат ќе ѝ тргне. Тој ги повика агентите за осигурување да дојдат и да работат за „Тесла”.

-Би сакал да имаме повеќе енергични актуарии. Јас многу ја почитувам професијата актуариј (личност која собира и анализира статистика за пресметување на осигурителните ризици и премии).

-Вие дечки сте навистина јаки во математика. Добредојдени сте во Тесла, посебно ако сакате промена, или ве нервира тоа што оваа индустрија се развива толку многу споро. Вашето место е во Тесла. Нам ни требаат актуарии-револуционери, изјави Маск. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот