Маск и група експерти се загрижени – бараат да паузира развојот на вештачката интелигенција

Илон Маск/ Фото EPA-EFE/Carina Johansen

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено писмо предупредувајќи за можни ризици за општеството и човештвото.

На почетокот на овој месец, компанијата OpenAI во соработка со Мајкрософт ја објави четвртата верзија на програмата GPT (Generative Pre-trained Transformer), која ги освои корисниците поради широкиот опсег на употреба, од компонирање песни до компресирање долги текстови.

Писмото, објавено од непрофитниот институт Future of Life и потпишано од повеќе од илјада луѓе, вклучувајќи го и Маск, повикува на пауза во развојот на напредна вештачка интелигенција додека независните експерти не излезат со безбедносни протоколи.

„Моќните системи за вештачка интелигенција треба да се развиваат само кога сме сигурни дека нивните ефекти ќе бидат корисни и дека ризиците можат да се менаџираат“, се вели во писмото.

Авторите укажуваат на ризици во форма на економски и политички нарушувања и ги повикуваат програмерите да соработуваат со властите и регулаторните тела.

Нивната загриженост се совпаѓа со предупредувањето на Европол, кој во понеделникот укажа на бројни етички и правни проблеми донесени од ChatGPT, во врска со можна злоупотреба за кибер напади, дезинформации и кибер криминал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот