Маск чипираше свињи, следни во план му се луѓето, еве зошто (ВИДЕО)

Маск го претстави прототипот на функционален имплант кој би требало да биде поврзан со сензори во паметниот телефон на корисникот, како интерен мерен уред за температура и воздушен притисок.

Илон Маск во текот на преносот во живо претстави три свињи: една која немала имплант кој го произвела неговата компанија Неуралинк, една на која имплант ѝ бил вграден во минатото и подоцна изваден и Гертруда, свиња во која моментално се наоѓа прототип од уредот.

Објасни дека експертите пред два месеци ѝ вметнале имплант на Гертруда и дека тој е поврзан со неурони во нејзината муцка. Кога Гертруда нешто ќе допре со муцката, се покренуваат мозочни електрични импулси кои регистрираат повеќе од 1.000 електроди во имплантот, пишува СиЕнЕн.

Инаку, Маск уште во 2019 година објави дека неговиот неуротехнолошки стартап, Неуралинк планира веќе следната година да почне да вградува уреди во човечкиот мозок за да се постигне „симбиоза со вештачката интелегенција“.

Основачот на СпејсИкс смета дека таквиот состав би можел да се користи за лекување на неуродегенеративните заболувања како Алхајмер или Паркинсонова болест и во крајна линија би можел да ги „зачува и подобри“ нашите мозочни функции или да им овозможи на корисниците некој вид на телепатија.

Рече дека компанијата се откажала од идејата за приемник сместен зад уво и се одлучила наместо тоа на имплант со големина на паричка кој би требало да се вметне под черепот, што е поинвазивна процедура од онаа која ја претстави минатата година.

Маск го претстави прототипот на функционален имплант кој би требало да биде поврзан со сензори во паметниот телефон на корисникот, како интерен мерен уред за температура и воздушен притисок. Ја покажа подобрената верзија на хируршки робот кој би служел за тоа имплантот на Неуралинк да се постави во мозокот.

Експерименти врз свињи

„Свињите всушност се многу слични со луѓето. Ако ги тестираме уредите кај луше, тогаш свињите се добар избор. Уредот работи во свињите веќе два месеци, што е добар знак дека е доволно силен за луѓето“, рече Маск.

Научниците и претходно размислувале за импланти кои може да го поврзат нашиот мозок со електронски уреди, но до сега овие идеи биле ограничени само на експерименти во лабораторија – за што постојат повеќе добри причини.

Имено, се работи за многу скапи и ризични процедури. Хируршката постапка вклучува сечење на черепот, изложеност на мозокот и вградување на чипови. Треба да се напомене дека досега не се оствариле сите досегашни ветувања на Маск, односно необичните техниолошки проекти. На пример, тој планираше во 2018 година во орбитата околу Месечината да испрати вселенски туристи, што се уште не се случи.

Што се однесува до ставот на здравствените регулаторни тела, Маск вели дека американската Агенција за храна и лекови (ФДА) во јулу го класифицираше овој уред како „иновативен и ветувачки“ и дека неговата компанија работи на подготовски за првата имплантација во човечкиот мозок – иако не рече кога тоа може да се оствари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот